Еден од главните играчи на Реал, Џанан Муса го повреди скочниот зглоб на десната нога и ќе отсуствува извесен период од кошаркарските терени.
Неговата повреда е од 20 октомври кога Реал играше протоив Жирона и имаше судир со противничкиот кошаркар Фјелеруп, но ја обнови во дербито на Евролигата против Олимпијакос и не настапи на завчерашниот меч со Макаби. Од клубот не објавија колку долго ќе трае неговата пауза, но медицинските експерти тврдат дека ваква повреда се санира за период меѓу четири и шест недели.
Отсуството на Муса ќе биде дополнителен проблем за Реал, а очигледно и за босанската репрезентација која за три недели ја очекува исклучително важен квалификациски дуел против Хрватска. „Кралскиот клуб“ има очаен старт на сезоната и се наоѓа на 11. место на табелата во Евролигата.


