Екипата на Париз ја оствари и деветтата победа во низа и сега е осамена на челната позиција на табелата во Евролигата.
Францускиот вицешампион славеше како гостин кај Макаби во Белград со 93-81 и уште еднаш потврди дека досегашните резултати во елитното натпреварување не се случајни. Во текот на целиот натпревар, францускиот тим само еднаш се најде во негатива и тоа во почетната фаза кога губеше со 3-4. Во вториот период +19 (47-28), во третиот Париз имаше водство и од 21 поен, а најмногу што успеа да се доближи Макаби беше на осум разлика во финишот од натпреварот.
Повторно најдобар играч на беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс натпреварот. Постигна 22 поена и 8 асистенции за индекс 23 и потврда на одличната форма и признанието за играч на месецот кое го доби вчера.


