Поранешниот европски шампион Партизан продолжува да го валка своето име во Евролигата откако вечерва доживеа уште еден убедлив пораз.
„Црно-белите“ загубија на гостувањето кај Монако со 84-101 што е петти пораз во низа за тимот кој е во невидена агонија оваа сезона. Не само што францускиот прволигаш беше подобар, туку постојано се наоѓаше во убедливо водство, најмногу со 21 разлика.
Партизан во финишот на третата четвртина успеа да намали на 11 поени негатива, но Монако повторно даде гас и го доигра мечот без претеран притисок, рутински и колку да ја потврди победата.
За Монако ова беше четврта победа во низа, и со неа остана на четртата позиција на табелата, додека Партизан и натаму е закован на последното место.


