Кошаркарската репрезентација на Србија викендов учествува на турнир на Кипар каде вчера играше против Грција, а денеска од 16 часот ќе се сретне со домаќинот.
„Орлите“ веќе пристигнаа во салата каде ќе се игра натпреварот, а неочекувано, во проблем се најде најдобриот српски кошаркар и трикратен МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ.
Обезбедувањето веројатно не го препозна, па му побара акредитација и целата постапка траеше извесен период, додека играчот на Денвер Нагетс да ја пронајде картичката која му овозможи влез.


