За неполна недела, раководството на МЗТ Скопје ги реши сите проблеми околу долгувањата и повеќе нема казни од ФИБА што значи дека може да ги регистрира сите нови кошаркари за претстојната сезона.
Прв, пред два дена беше договорен поранешниот тренер Александар Петровиќ, а потоа и останатите две казни кои се закануваа да му ја уништат претстојната натпреварувачка кампања на 11-кратниот и актуелен шампион на Македонија. Сега МЗТ Скопје може без проблем да ги регистрира новите кошаркари во тимот: Брендон Слај, Андреј Маслинко, Дион Едвин, Милош Копривица, Андреј Магдевски и младиот Димитар Зетов. Од македонските клубови, со казна од БАТ е само поранешниот вицешампион Куманово чија егзистенција е доведена во прашање и не се знае дали ќе продолжи да постои.

Новата сезона за клубот од Аеродром почнува во вторник (24 септември) со дуелот против Теодо во првото коло од АБА 2 лигата. Викендот што претстои потоа на програмата е Суперкупот на Македонија против Пелистер, а одбраната на титулата во домашното првенство почнува со дуелот против Шкупи на 5 октомври.


