Љубителите на кошарката нема да можат да гледаат финале на Олимписките игри меѓу репрезентациите на САД и Србија.
Вечерашната ждрепка одреди двата кошаркарски гиганти да се најдат на истата страна од костурот, па нивниот дуел е можен во полуфиналето, секако ако прво ги елиминираат Бразил, односно Австралија. Србите имаа можност да ги избегнат САД до финалето со евентуален пораз од Јужен Судан вечерва, но иако одиграа спортски и без калкулации, тоа на крајот не им се исплатеше.
Летово, репрезентациите на САД и Србија веќе се сретнаа два пати и тоа еднаш во Абу Даби на подготовките и еднаш во Лил, во првото коло од Олимписките игри. Во двата меча славеа Американците со идентична разлика – 26 поени.


