Откако синоќа ТФТ и МЗТ Скопје го комплетираа 18., денеска со два натпревара почнува 19. коло од кошаркарската Суперлига кое ќе се протегне до петок поради настапот на ТФТ во плејофот од АБА 2 лигата.
Кругот го отвораат Феникс и Работнички во уште еден директен дуел за опстанок во елитната конкуренција. Феникс се наоѓа на десеттото место, прво од зоната за испаѓање, а веднаш над него, со само една победа повеќе е неговиот денешен ривал кој во средата одигра одлично и убедливо го совлада Маџари.
Во случај на победа Феникс ќе биде во подобра позиција во однос на Работнички бидејќи го совлада и во првиот меѓусебен дуел оваа сезона, во ноември, но мора да се има предвид дека тимот од Гази Баба е во лоша форма и ги загуби последните пет меча во сите натпреварувања.
Дербито на ова коло е на крајот, в петок во Куманово кога МКК го пречекува тимот на ТФТ во реприза на полуфиналето од Купот на Македонија.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
14.03.2026
Феникс – Работнички 12:00
Ангели – Кожув 17:30
15.03.2026
Пелистер – Гостивар 13:30
Маџари – Чаир 19:30
16.03.2026
МЗТ Скопје – Тиквеш 18:30
20.03.2026
МКК Куманово – ТФТ 18:00


