Неверојатно прво полувреме против Литванија одигра најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и тој е е најзаслужен за целосно изменетата слика во нашиот национален тим во период од само три дена.
По две четвртини во четвртокот, Литванците водеа со 44-27, а вечерва во Клаипеда, Македонија има предност од 46-43. Нашиот најдобар кошаркар постигна 28 поени во досегашните 20 минути или три петини од вкупниот број на македонската репрезентација. На него се изредија во одбраната сите противнички бекови, но никој не успеа да го запре.
Нено на теренот помина 17 минути, погоди четири тројки од осум шута, 6/9 за два и 4/4 од линијата за слободни фрлања, а додаде уште четири асистенции и два скока. Куриозитет е тоа шшто по првото полувреме тој е најдобар поентер, скокач и асистент во нашиот тим. Најголемата дилема во моментов е дали Нено ќе успее да го одржи ова темпо до крајот на натпреварот.


