Актуелниот првак на Европа, Шпанија е елиминиран од олимпискиот кошаркарски турнир по денешниот пораз од Канада во третото коло од групната фаза.
Канаѓаните славеа со 88-85 и го освоија првото место во својата група, а во исто време ја тргнаа Шпанија од својот пат кон завршната фаза. Европскиот првак се бореше до последен момент, се доближи на еден поен негатива на три секунди пред крајот по тројката на Љуљ, но не успеа да направи целосен пресврт. Клучна се покажа втората четевртина, единствена која ја добија Канаѓаните, но со 30-19, разлика која потоа Шпанија не успеа да ја надополни.
За Шпанците ова е најслаб пласман на Олимписките игри од 2000 година, а испаднаа затоа што се најслаби во кругот со Австралија и Грција со кои имаа ист број бодови. Канада го освои првото место во групата.
Шеј Гилџес Александар со 20 поени ја предводеше Канада, Нембхард додаде 18, а Берет 16. Брисуела беше најефикасен во шпанската репрезентација со 17 поени.


