Серијата порази на Партизан продолжи вечерва откако српскиот и АБА шампион загуби на гостувањето кај Валенсија.
„Црно-белите“ долго време даваа отпор и го одиграа можеби најдобриот натпревар последниот период, но Валенсија сепак победи со 86-73 со што се израмни со лидерот на табелата Хапоел Тел Авив. Партизан не го искористи одличниот почеток бидејќи отвори со 17-6, но водеше во најголемиот дел од натпреварот. Клучна за победата на Валенсија се покажа серијата од 7-0 во последната четвртина, а впечаток е дека конечниот исход не е реален одраз на она што се случуваше на теренот.
Одамна е јасно дека за Партизан оваа сезона е загубена и само чудо може да го однесе во плејинот. Со денешниот пораз остана на претпоследната позиција со биланс 6/13, додека Валенсија има 13/6.
Не успеа ни шок терапијата со новиот тренер бидејќи Жоан Пењароја го доживеа и вториот пораз во вториот меч во Евролигата и засега е само на триумфот против Сплит во АБА.
РЕЗУЛТАТИ
Хапоел Тел Авив – Жалгирис 80-93
Асвел – Париз 94-89
Барселона – Монако 74-90
Валенсија – Партизан 86-73


