Француската суперѕвезда Виктор Вембанјама ги почна подготовките за новата сезона со Сан Антонио, а љубителите на кошарката низ целиот свет се изненадени од неговата физичка трансформација.
На првиот тренинг, младиот центар пристигна со 11 килограми повеќе, но најинтересно од се, целиот во мускули. Оваа трансформација се случува во период од неполни два месеца бидејќи на Олимписките игри во Париз, Вембанјама не изгледаше вака.
Тоа е само најава дека Французинот сериозно си ја сфатил „домашната“ работа од кондициските тренери во Спарс и дека во новата сезона ќе влезе уште повеќе мотивиран да покаже дека со право го сметаат за играч на иднината во НБА. Покрај себе сега ќе го има и еден од најдобрите плејмејкери во лигата Крис Пол кој треба да му помогне максимално да го искористи својот потенцијал.


