Од Градишка, во Босна и Херцеговина, пристигнува вест за кошаркарски натпревар со ретко виден исход.
Екипата на Козара го победи тимот на Реал од Бања Лука со неверојатни 139-0, во натпревар одигран вчера, како дел од завршниот турнир за млади пионери. Домашните играчи доминираа од самиот почеток, со 34 поени во првата четвртина. Во втората четвртина беа уште поубедливи со 48 поени, во третата додадоа 28, а 29 во последната за конечен и незаборавен резултат, во кој противничкиот тим не успеа да постигне кош.
Најефикасна беше Митра Мандиќ со 37 поени, додека Валентина Шариќ постигна 30. Победничките имаа 46 скока и дури 56 украдени топки.
Девојките од Реал забележаа 19 скока, но останаа без шанса за поени. Шест пати промашија удари за два поени, четири пати тројки и четири пати беа непрецизни од линијата за слободни фрлања. Како што може да се претпостави, сите завршија со негативен индекс на корисност.


