Литванската кошаркарска репрезентација ја победи Велика Британија со 89-88 на гостински терен на стартот од квалификациите за Светското првенство во 2027 година.
До триумфот стигна на магичен начин и со пресврт каков досега не е виден во европската кошарка. Литванците заостануваа со 80-87 на 10 секунди до крајот на натпреварот, а за тој краток период успеаја да постигнат 9 поени, да го свртат натпреварот и да ја победат Велика Британија!
Игнас Саргиунас, кошаркар на Ритас (поранешен студент на Џорџија и Колорадо Стејт), го почна овој спектакуларен пресврт и го намали дефицитот на 83-87. Акваси Јебоа беше брзо фаулиран и им направи голема услуга на Литванците погодувајќи само едно слободно фрлање за 88-83.
Саргиунас повторно ја зема топката и сè става во свои раце, погодувајќи тројка за 88:86 на 3,5 секунди до крајот, по што следеше лошо изведување од аут на Британците. Литванските кошаркари ја украдоа топката, тргнаа во контранапад, а Саргиунас со третата тројка го запечати пресвртот и ѝ донесе победа на својата репрезентација.


