Исклучително чудно, но не и неочекувана е атмосферата вечерва во белградската Арена каде Партизан игра со Баерн во рамките на Евролигата.
Навивачите на домашниот тим се собраа во огромен број, ги има околу 20 илјади, но не за да го бодрат својот омилен Партизан, туку да го изразат револтот кон управата и играчите на „црно-белите“. Почнаа уште кога кошркарите на Партизан излегоа на загревање кога низ салата се заорија свирежи како да станува збор за противнички тим.
Partizan taraftarları, kendi takımlarını sahaya çıkarken yuhaladı ve "Zeljko Obradovic" tezahüratı yaptı 👀
Taraftarlar, oyuncuların bilerek oynamayarak Obradovic'in kuyusunu kazdıklarını düşünüyorlar.
— Euroleague Time (@euroleague_time) December 4, 2025
Таквата атмосфера продолжи и на претставувањето на двете екипи, во моментите кога официјалниот спикер ги читаше имињата на кошаркарите на Партизан, се ореа свирежи и навреди, а веднаш потоа почнаа скандирања – Обрадовиќ Жељко кои траеја неколку минути. Речиси сите присутни на натпреварот носат фотографии, транспаренти или маички со ликот на трофејниот стручњак кој во неделата официјално си замина. На трибината кај најверните навивачи стои транспарент: Сите ние сме Жељко.
На удар на навивачите е и претседателот на клубот Остојан Мијаиловиќ кој, очекувано, не се наоѓа во арената.


