Грчката кошаркарска репрезентација вчера играше против Црна Гора во рамките на подготовките за Европското првенство и победи со 69-61, но триумфот остана во сенка на потегот на првата ѕвезда на тимот Јанис Адетокунбо.
По мечот, додека играчите славеа, кошаркарот на Милвоки се обиде да одржи победнички говор, но очигледно некои од останатите не го слушаа и дофрлуваа. На Адетокунбо не му се допадна тоа, па со сета сила го удри кошаркарот на Олимпијакос, Јанулис Ларенѕакис.
If you dont listen to everything I say next season this is whats gonna happen @gianlary5 pic.twitter.com/wl9H4JyP9b
— Evan Fournier (@EvanFourmizz) August 16, 2025
Интересно е тоа што не станува збор за млад играч, туку за еден од најискусните во тимот, повозрасен дури и од Адетокунбо. Сепак, тој не се ни обиде да возврати, на општо изненадување на љубителите на кошарката во Грција кои овојпат застанаа на негова страна.


