Колку значи Ненад Димитријевиќ во оваа репрезентација на Македонија, најдобар доказ е првото полувреме од натпреварот против Литванија во Клаипеда.
Нашата селекција го доби воведниот квартал со 27-23, а кошаркарот на Олимпија Милано буквално си поигруваше со противничките кошаркари. Постигна 18 поени и четири асистенции (плус два скока) и учествуваше во 26 од 27 поени на македонската репрезентација.
Од неговите додавања поентираа Бојан Крстевски (едно слободно фрлање), Стојан Ѓуроски (тројка и двојка) и Андреј Маслинко (двојка). Единствен кој не поентираше од акција со Димитријевиќ и воедно единствен поен во кој не учествуваше нашата „седумка“ беше слободното фрлање на Војдан Стојановски во седмата минута за водство на Македонија ос 19-17.
Ваков ефект не е виден досега во историјата на македонската репрезентација, дури ни во најдобрите денови на Петар Наумоски или подоцна на Врбица Стефанов или Перо Антиќ.


