Драмата околу враќањето на кошаркарскиот клуб од Дубаи во татковината продолжува, сега клубот од ОАЕ се заканува со повлекување од АБА лигата.
Дубаи се пресели да игра во Сараево поради војната, но откако беше елиминиран од Евролигата, одлучи да се врати во Обединетите Арапски Емирати.
„Во договор со лигата, испративме писмо до Клуж и Будуќност за да разјасниме дали имаат административни пречки да патуваат во Дубаи, но бидејќи не одговорија до вторник напладне, објавивме дека се враќаме дома. Будуќност подоцна зазеде став дека не се согласува со ова, односно дека не сака да игра натпревари во Дубаи затоа што некои играчи не сакаа да дојдат“, објавија од Дубаи.
Тимот се пресели во ОАЕ, а во меѓувреме беше донесена одлука Дубаи да продолжи да игра на неутрален терен. Клубот наводно верува дека раководителите на натпреварувањето направиле грешка затоа што место да испратат писмо, требало да организираат состанок со клубовите, на кој ќе се разговара за враќањето на Дубаи во татковината.
Дубаи сега очекува промена на одлуката и ако тоа не се случи, сигурно ќе ја тужат лигата, што потенцијално би можело да доведе до разделба.


