Во финалето на Источната конференција ќе се игра шести натпревар откако Њујорк Никс ноќеска ја совлада Индијана со 111-94.
Тоа беше прва победа за Никс на домашен терен во оваа серија, но дојде во вистински момент за да ги одржи шансите на тимот за евентуален пресврт и пласман во големото финале, првпат по 26 години. Ниеден тим во историјата не успеал да помине во следната фаза од плејофот откако ги загубил првите два меча на домашен терен, но во Њујорк се надеваат дека ќе бидат први со таков успех.
Сега одлучи одбраната, два дена претходно во Индијанаполис, Никс примија 43 поени во првата четвртина, а ноќеска ги задржаа Пејсерс на 45 во цело прво полувреме. Успеа тактиката против Халибартон кој на претходниот меч оствари трипл дабл со 32 поена, 15 асистенции и 12 скока за во петтиот натпревар да остане на само осум поени и шест асистенции.
Затоа, блескаше Џејлен Брансон кој постигна 32 поена со 67% шут од игра и стана рекордер на франшизата со 21 натпревар на кој имал 30+ поени. Му се придружи Карл Ентони Таунс кој со дабл дабл од 24 поени и 13 скока покажа дека ни повредата на коленото не може да го запре. Матуран ја предводеше Индијана со 23 поени и 9 скока.
Втората шанса за пласман во големото финале, Пејсерс ќе ја имаат утре вечер на домашен терен.


