Актуелниот шампион во ВТБ лигата, Уникс го доживеа третиот пораз во низа откако вечерва загуби на гостувањето кај Зенит со 87-91.
По оваа лоша низа тимот од Казан значително си го загрози пласманот на крајот од основниот дел од сезоната и не е исклучено да заврши и на третата позиција ако во последното коло загуби од ЦСКА. Со триумф против Енисеј утре, ЦСКА може да избие на чело на табелата, но секако ќе одлучува дербито идната недела меѓу екипите на Ненад Димитријевиќ и Емил Рајковиќ.
Денеска Димитријевиќ беше убедливо најдобар играч, но тоа не му помогна на Уникс. За 34 минути во игра, македонскиот репрезентативец постигна 24 поени, 9 асистенции и 5 скока за индекс 35, далеку над сите кои настапија на овој меч.


