Репрезентацијата на Македонија ја имаше најдобрата можна ждрепка за втората претквалификациска фаза за Европското првенство во 2029 година.
Она што сите во националниот тим го посакуваа се оствари – за противници ги добивме Кипар и Австрија во веројатно најслабата група во овие претквалификации. Сите селекции што денеска учествуваа во ждрепката ќе бидат слободни во првото коло, а својот прв натпревар, Македонија ќе го игра на 30 август на гости со Австрија.
Пласман во главните квалификации обезбедува само првопласираната репрезентација во овој циклус. Натпреварите се играат во август, ноември и февруари.



