Како што многумина одамнаа предвидуваа, канадскиот репрезентативец Шеј Гилџес Александер официјално е прогласен за МВП на сезоната во НБА лигата.
За некои апсолутно заслужено, за други ова е голема неправда кон Никола Јокиќ. Србинот беше прв центар во историјата со трипл дабл просек, постигнувајќи по 29,6 поени, 12,7 скокови и 10,2 асистенции по натпревар, а стана и единствен во кошаркар во постоењето на НБА кој е во топ-3 според поените, скоковите и асистенциите. Кампањата тој да не го освои своето четврто МВП признание, со што би се израмнил со најголеми легенди на НБА, почна уште на средина од сезоната кога стана јасно дека Денвер нема да може да биде високо пласиран на крајот од основниот дел.
First MVP: Shai Gilgeous-Alexander led the No. 1-seed Thunder to a league-high 68 wins and became the second player in NBA history to average at least 30 points on 50% shooting, 5 rebounds, 5 assists, 1.5 steals and 1 block per game along with Michael Jordan (1987-88, 1990-91). https://t.co/4updI0h7xP
— Shams Charania (@ShamsCharania) May 21, 2025
Сепак, ова не значи дека Гилџес Александер незаслужено стигна до првото своето МВП признание во кариерата. Сезоната ја заврши како најдобар стрелец во лигата со просек од 32,7 поени по натпревар, шутираше со 51,9% од игра и 89,8% од линијата за слободни фрлања, постигнуваше по пет скокови и асистенции, а пропушти само шест натпревари.
Јокиќ го освои второто место во гласањето, а трет заврши Јанис Адетокунбо кој исто така имаше добра сезона, но само на индивидуален план.


