Грчкиот репрезентативец Ник Калатес официјална стана играч на Партизан и повторно ќе работи со Жељко Обрадовиќ со кого во 2011 година ја освои титулата во Евролигата, како играч на Панатинаикос.
Белградскиот клуб објави дека плејмејкерот доаѓа како слободен играч откако спогодбено го раскинал договорот со Монако каде настапуваше минатата сезона. Во неа немаше којзнае каков ефект, просечно постигнуваше по 3,7 поени, 2,2 скока и 3,8 асистенции, но се очекува да го покрие отсуството на Карлик Џонс кој неодамна се повреди и нема да игра до јануари.
Doskorašnji igrač Monaka. Bivši košarkaš Panatanaikosa i Fenerbahčea, Nik Kalates, novo je pojačanje Partizana Mozzart Bet!
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) October 29, 2025
Welcome Nick!⚫️⚪️#KKPartizan pic.twitter.com/yx6JMsG2vT
Калатес има 36 години, а најдобра сезона во кариерата му беше 2017/18 кога во дресот на Панатинаикос имаше просек од 14,5 поени, 3,8 скока и 8 асистенции.


