Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ има неверојатен почеток на новата сезона во НБА лигата.
Практично, тоа е негова прва сезона која ја почнува со Лос Анџелес Лејкерс, откако беше трејдуван од Далас кон средината на минатата натпреварувачка кампања. Тој очигледно се адаптирал на Калифорнија, за што доказ е неговиот просек по 12 одиграни натпревари.
Дончиќ има ефект од 34,5 поени, 8,9 асистенции и 8,8 скока за 37 минути на теренот. Вкупно 414 поени и 107 асистенции – никој досега не успеал да влезе во клубот „400-100“ во 12 натпревари.
Словенецот пропушти четири натпревари поради повреда на прстот, но откако се врати одигра осум меча, во кои Лејкерс имаат шест победи. Последниот беше ноќта помеѓу недела и понеделник против Јута (108-106), кога Дончиќ постигна 33 поени, 11 скока и осум асистенции.


