Потенцијалниот македонски репрезентативец Страхил Николов не планира да ја смени средината и покрај интересот од други прволигаши во земјава.
Крилниот играч денеска го продолжи договорот со ТФТ на уште три сезони, на задоволство на раководството и менаџментот на клубот. Од Тафталиџе постојано потенцираат дека 24-годишникот е еден од омилените кошаркари на соиграчите и дека врз него планира да ја гради иднината на тимот. Својата професионална кариера Николов ја почна во ТФТ и очигледно ќе остане таму уште долго време.
Минатата сезона тој одигра 31 натпревар во домашното првенство и 13 во АБА 2 лигата, со ефект од 8 поени и 5 скока.
Покрај Николов, ТФТ постигна тригодишен договор и со американскиот интернационалец Дерин Говенс кој минатата недела ги надмина сите пречки со што му беше овозможено официјално да стане играч на поранешниот освојувач на Купот на Македонија. Откако го помина сето тоа, Говенс ќе биде во конкуенција за настап на дуелот против МКК Куманово, во првото коло од новата сезона.


