Најдобриот играч во македонската репрезентација на дуелот против Литванија беше Кристијан Николов кој ги искористи проблемите што ги имавме на плејмејкерската позиција и квалитетно го пополни отсуството на Шортс и Димитријевиќ.
Со неговата серија во финишот од првото полувреме, Македонија ја намали негативата, а на крајот беше и најефикасен во нашиот тим. За жал, тоа не беше доволно за победа на Македонија која сега има биланс 1/2, но претстои и гостување во Литванија каде домаќинот ќе биде голем фаворит.
„Беше навистина тежок натпревар за нас бидејќи ни недостигаа неколку момци. Дадовме се што можевме, верувам декаќе бидеме уште подобри на следниот натпревар и се надевам на подобар резултат на гостувањето во Литванија. Тие поставија некоја агресивна игра од самиот старт, судиите им го дозволија тоа. Јас играв тоа што ни го даде одбраната, соиграчите многу ми помогнаа… Се играше со многу контакт, задоволен сум што покажавме карактер, се надевавме на победа, но за жал она што го покажавме не беше доволно“, рече Николов по натпреварот.


