Екипата на Џеди Осман Пицабулс го оствари првиот триумф на гостински терен и вкупно трет сезонава откако го совлада Истанбул Анка Спор со 81-73.
Голем придонес за победата имаше македонскиот репрезентативец Кристијан Николов кој на својот 28. роденден беше трет стрелец во својот тим. За речиси 20 минути во игра, плејмејкерот постигна 13 поени со три тројки од четири шута, а поефикасни од него беа само Ливингстон и Ереншој.
По четири кола Џеди Осман Пицабулс е на делба на второто место на табелата со биланс 3/1, а подобар е само ИТУ кој е единствен со максимален ефект.


