Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов денеска го одигра дебитантскиот натпревар во екипата на Пицабулс Џеди Осман.
Во рамките на првото коло од Втората лига на Турција, неговиот тим славеше над Бордо Бандирма со 78-71, а Николов покажа дека ќе биде еден од лидерите во оваа екипа. Иако не беше дел од стартната петорка, на теренот помина 31 минута и заврши како втор стрелец со 14 поени, со четири погодени тројки (4/8 за три, 2/4 од линијата за слободни фрлања), а додаде уште три асистенции и два скока.
Николов беше еден од само двајцата кошаркари на Пицабулс Џеди Осман со двоцифрен ефект, покрај најефикасниот Џордан Барнс кој постигна 32 поена.


