Литванскиот репрезентативец Јонас Валанчиунас многу веројатно и идната сезона ќе игра во НБА лигата и покрај неговата голема желба да се врати во Европа.
Пред десетина дена тој пристигна во Атина каде требаше да го финализира преминот во Панатинаикос, но Денвер Нагетс не даде дозвола за тоа и доцна синоќа Литванецот е претставен како нов играч на франшизата од Колорадо. Минатиот месец тој беше трејдуван од Сакраменто во зделката во која во спротивна насока замина Дарио Шариќ. Во комуникација со своето семејство, Валанчиунас одлучил дека е време за враќање во Европа, но во Денвер очигледно не сметаат така.
Welcome to Denver, Jonas! 🏔️ pic.twitter.com/jAMKV8yQ0Q
— Denver Nuggets (@nuggets) July 13, 2025
Тој има загарантиран договор за претстојната сезона во висина од 10 милиони долари со опција да биде продолжен на уште една година.


