Трејдот на Џулуис Рендл во Минесота ги изненади љубителите на кошарката поради тоа што тој беше еден од најдобрите играчи на Њујорк, но не е изненадување за оние кои детално ги следат приликите во НБА.
Во текот на летото, менаџментот на Никс со сите сили се обидуваше да се ослободи од него и го нудеше 29-годишниот крилен центар каде ќе стигне. Покрај Минесота, преговори за него се водеа уште со Детроит, Атланта и Мајами, но ниеден од нив не ги исполни барањата на франшизата од Њујорк. Голем проблем е и тоа што Рендл имаше загарантирани 30,9 милиони долари за сезоната 2025/26 што секако финансиски ќе ги оптовареше спомнатите екипи.
Најголем проблем тој имаше со стручниот штаб, предводен од Том Тибодо, а навивачите му замеруваа поради тоа што во плејофот не игра на нивото од основниот дел од сезоната. Генералниот менаџер долго време се обидуваше да договори продолжување на соработката, но преговорите беа далеку од успешни.


