Екипата на Њујорк го искористи поразот на Милвоки од Орландо и го заврши основниот дел од сезоната на второто место во Источната конференција.
Никс славеа против Чикаго со 120-119 по продолжение и стигнаа до 50 победи, првпат по пауза од 11 години. Основниот дел од сезоната Њујорк го заврши со серија од пет победи и буквално го украде второто место од Бакс кои во последните пет меча доживеаја три порази.
Прв играч на мечот беше Џејлен Брансон кој постигна 40 поени, 8 скока и 7 асистенции и ги анулира Дерозан и Вучевиќ кои завршија со 30, односно 29 поени. Никс уште не го знаат противникот во првата фаза од плејофот бидејќи ќе го чекаат победникот од плејин дуелот меѓу Филаделфија и Мајами.
Милвоки во првата рунда ќе игра со Индијана, а Кливленд со Орландо. Во плејинот учествуваат уште и Чикаго и Атланта.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Вашингтон 132-122
Кливленд – Шарлот 110-120
Индијана – Атланта 157-115
Мајами – Торонто 118-103
Њујорк – Чикаго 120-119
Орландо – Милвоки 113-88
Филаделфија – Бруклин 107-86


