Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски се наоѓа во одлична форма на почетокот од новата сезона во НЦАА и тоа го потврди на денешниот натпревар.
Неговиот Колорадо на домашен терен го совлада Харвард со 88-66, а Јакимовски беше прв стрелец на натпреварот. Дуелот го заврши со 20 поени што е негов личен рекорд оваа сезона, плус 5 скока, 1 асистенција и 1 украдена топка. На претходните три натпревари, тој постигнуваше 11, 9 и 17 поени.
Колорадо Бафалос по четири натпревари има максимален ефект, а во следниот меч игра против Мичиген Стејт.


