Во Купот на Србија не може без хаос, дилемата е само дали до него ќе дојде кога играат Партизан и Црвена Звезда или некои други екипи.
Денеска се играат полуфиналните дуели, а откако Звезда обезбеди пласман во финалето, на терен излегоа Мега и Партизан. Младиот тим на Мега буквално го гази големиот фаворит и евролигаш, на стартот од последната четвртина води со 61-47, но на сцена стапија навивачите на „црно-белите“ кои успеаја да го прекиинат натпреварот.
Почнаа да скандираат навредливи слогани против претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија и поранешен прв човек на Звезда, Небојша Човиќ и неговото семејство и тоа беше аларам за судиите да реагираат. Навивачите беа опоменати, но откако не престанаа со навредите, судиската тројка се повлече во соблекувална и засега е неизвесно дали натпреварот ќе продолжи.


