Хапоел Ерусалим е подготвен да го доведе Жељко Обрадовиќ, најтрофејниот европски тренер, на клупата следното лето.
Според локалниот медиум „Вала Спорт“, Хапоел Ерусалим е подготвен да предизвика земјотрес во европската кошарка со ангажманот на српскиот стручњак кој безмалку три месеци е без ангажман. Раководството на Хапоел сака сега да го донесе Обрадовиќ, но тренерот не планира да се врати пред крајот на сезоната
„Веќе нагласив дека не планирам да водам клуб до јуни. Дотогаш, ќе се занимавам исклучиво со мојот приватен живот“, рекол Обрадовиќ за Вала спорт.
Хапоел Ерусалим има идентичен план како и неговиот истоимен тим од Тел Авив, кој успеа да влезе во елитното натпреварување со освојување на Еврокупот минатата сезона.
Доколку тоа не се случи, Хапоел Ерусалим најверојатно ќе го искористи најавеното исклучување на Асвел од Евролигата, а обезбедувањето лиценца би бил најмалиот проблем, бидејќи клубот е во сопственост на младиот бизнисмен и инвеститор Матан Аделсон, чие богатство се проценува на околу 37 милијарди долари.


