Многу несреќи му се случија на Реал Мадрид од почетокот на оваа сезона иако таа трае едвај 20-тина дена.
Прво се разболе Марио Хезоња, синоќа против Партизан не играше Гаруба, а во следниот месец тимот ќе биде без летното засилување Андрес Фелис. Кошаркарот од Доминиканска Република мораше да го напушти теренот пред крајот на првото полувреме, а прегледите покажаа дека има повреда на десното стапало.
Во најдобар случај, тој би бил надвор од терените еден месец, но вакви повреди многу често предизвикуваат проблеми и во иднина, па не е исклучено Фелис да биде отсутен подолг период. Паузата на Фелиз ќе предизвика Факундо Кампацо да добие повеќе минути, а тоа важи и за Серхио Љуљ, но најважно од се, на плејмејкерската позиција најверојатно ќе треба да помогне и Абалде.
Друга опција е Реал да побара нов плејмејкер на пазарот бидејќи тренерот Чус Матео одамна порача дека во тимот се потребни засилувања затоа што ростерот е премногу краток. Приоритет му е играч на позицијата 4 поради заминувањето на Гершон Јабуселе, но во исто време изгледа ќе се бара и организатор на играта.


