На малерите на Реал од почетокот на новата сезона никако да им најде крајот. Прво од непозната болест се разболе Марио Хезоња, потоа тимот влезе во серија од три порази, а денеска остана без најдобриот играч Факундо Кампацо.
Аргентинецот нема да биде во комбинација за настап на претстојниот натпревар против Партизан поради суспензија што му беше изречена денеска од Евролига. Причина за тоа е неговото дивеење на мечот со Баерн во првиот круг од елитното натпреварување кога беше исклучен на осум секунди пред крајот.
Покрај суспензијата, Кампацо ќе мора да плати и парична казна од 5.000 евра, а неговото отсуство ќе биде голем проблем и тоа што Реал игра на домашен терен против Партизан.


