Богдан Богдановиќ нема да настапи повеќе на Европското првенство што е во тек и српската репрезентација ќе го доигра шампионатот со 11 кошаркари.
Познато е дека играчот на Лос Анџелес Клиперс доживеа повреда на задната ложа и ќе се лечи во САД каде треба да замине најдоцна утре, но селекторот Светислав Пешиќ не може да донесе замена за него. Според пропозициите на Европското првенство, на седум дена пред стартот се предава прелиминарна листа од најмногу 24 кошаркари за на ден пред почетокот да се одреди финалниот список од 12 репрезентативци за време на техничкиот состанок. По тој термин, не е дозволена регистрација на нови кошаркари, без разлика дали некој од избраните ќе се повреди или ќе отпадне од други причини.
Српските фанови последните два дена бараа на местото на Богдановиќ да биде донесе Никола Топиќ, но тоа, сепак, нема да биде можно.


