Центарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембанјама го забележа најбрзиот дабл дабл во историјата на НБА, откако за само осум минути постигна 10 поени и 10 скока.
Претходниот рекорд изнесуваше девет минути, поставен од Андре Драмонд во 2022 година. Французинот заврши со 41 поен (17/27 шут од игра), 16 скока, четири асистенции, три блокади и една украдена топка, додека Спарс ги победија Чикаго Булс со 129-114, продолжувајќи ја својата победничка серија на девет натпревари.
Сан Антонио е на добар пат кон финалето на НБА оваа година, бидејќи моментално се наоѓаат на второто место во Западната конференција со резултат од 57/18, со само две победи зад Оклахома Сити Тандер. Од 1 февруари, Спарсите играат неверојатно добро и имаат биланс 25/2.


