Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден извонреден натпревар во дресот на Уникс.
Бранителот на титулата во ВТБ лигата денеска славеше тесна победа против Зенит со 91-90, а Димитријевиќ повторно беше убедливо најдобар. За 36 минути во игра постигна 32 поена (5/8 за два, 4/7 за три, 10/11 од линијата за слободни фрлања), плус 9 асистенции и 5 скока. Тројката за победа ја постигна Луј Лабери, на 5 секунди пред крајот на натпреварот.
Ова е трет натпревар сезонава на кој Димитријевиќ ја минува границата од 30 поени откако против Автодор постигна 35, а против ЦСКА 38. Со денешната победа, Уникс го искористи вчерашниот кикс на ЦСКА и сега има една победа повеќе во однос на московскиот тим, на чело на табелата.


