Еден ден откако НБА ја стресе трејдот на Лука Дончиќ и Ентони Дејвис, реализирана е уште една спектакуларна размена на играчи во која учествуваат Сан Антонио, Сакраменто и Чикаго, а главни протагоности се Диерон Фокс и Зек Лавин.
Како што се шпекулираше минатата недела, Фокс го напушти Сакраменто и се пресели во Сан Антонио каде ќе формира супер-тројка со Вембанјама и Пол, а Лавин оди во Сакраменто што ќе биде негов трет тим во кариерата по Минесота и Чикаго. Покрај Фокс, Спарс го добија и Џордан Меклафлин, Сакраменто е посилен за Сиди Сисоко и плус има на располагање три пика во првата и три во втората рунда на драфтот, додека Чикаго ги доби Зек Колинс, Тре Џонс, Кевин Хартер и еден пик од Сан Антонио.
Се чини дека Чикаго е значително ослабен во овој трејд, а аналитичарите прогнозираат дека до крајот на преодниот рок ќе се ослободат од уште некоја од ѕвездите, најверојатно Никола Вучевиќ по што ќе тргнат во целосен ребилдинг на екипата. Преодниот рок во НБА лигата завршува на 6 февруари и не е исклучено да има и други мега-размени дотогаш.


