Откако отпаднаа Виктор Вембанјама, Руди Гобер и Матијас Лесор, француската репрезентација остана и без кошаркарот на Анадолу Ефес, Венсан Поарие.
Првобитно, Кошаркарската федерација на Франција објави дека Поарие има мала повреда на коленото, но угледниот Лекип денеска соопшти дека искусниот центар е избришан за Европското првенство кое почнува на 27 август. Повредата на коленото ја доживеа на подготвителниот дуел против Шпанија на кој „триколорите“ славеа со 75-67.
Во моментов, неизвесен за настап е и поранешниот прв пик на НБА драфтот Закари Ризаше кој има повреда на мускул на десната нога и нема да вечерва на вториот меч против Шпанија.


