„Вечниот“ словенечки шампион Олимпија обезбеди пласман во големото финале од домашното првенство, но денешниот меч од полуфиналната фаза против Подчертек го одбележа голем инцидент.
Иако тимот од Љубљана беше во постојано водство и на крајот славеше со 98-82, работите се искомплицираа во третиот период кога гостинскиот тим се доближи на само два поена разлика. Лут поради тоа што не беше досудена лична грешка во напад, а притоа Подчертек постигна тројка, тренерот на Олимпија, Звезда Митровиќ влезе во теренот и почна да брка еден од судиите. Очекувано за тоа доби техничка грешка, но ова е инцидент за кој уште долго ќе се зборува и прашање е како црногорскиот стручњак се смири пред да направи нешто уште полошо.
Сето ова се случи неполни 24 часа по прекинот на натпреварот од АБА лигата меѓу Будуќност и Црвена Звезда на кој гостинските кошаркари го напуштија теренот поради тоа што беа гаѓани со тврди предмети.


