Во екот на големата резултатска криза во Евролигата и на два дена пред дуелот против Олимпија Милано, екипата на Панатинаикос се соочува со нови проблеми.
Претстојната недела има две кола во Евролигата, а како што сега стојат работите, европскиот шампион тешко дека ќе биде комплетен на своите натпревари. Јанис Папапетру вчера бил хоспитализиран поради вирус, додека Лоренцо Браун има мускулен грч на препоните и не тренираше.
Панатинаикос денеска се среќава со Лаврио во рамките на домашното првенство, а претстојната недела ќе го комплетира првиот дел од сезоната во Евролигата со дуелите на домашен терен против Олимпија Милано и Басконија. Во последните пет кола во европското натпреварување, ПАО претрпе четири порази, а постојано е во проблеми со играчкиот кадар и покрај тоа што Атаман има широк ростер на располагање.
Во моментов, атинскиот тим е на десеттото место на табелата со биланс 8/7, колку што имаат и Црвена Звезда, Анадолу Ефес и Барселона.


