Капитенот на македонската репрезентација Војдан Стојановски играше само една минута во првото полувреме од вечерашниот натпревар против Полска во Сосновиец.
Ветеранот доживеа повреда, но уште е нејасно дали се работи за удар или за истегнување, но во еден период на натколеницата имаше кесе со мраз. По повредата Војдан повече не влезе во игра во првата четвртина.
И без него, македонската репрезентација одигра извонредно во воведниот квартал и го заврши со предност од девет разлика (25-16).


