Еден ден по официјалниот почеток на подготовките за дуелите со Естонија и Полска, Итан Хап се приклучи на тренинзите на македонската репрезентација.
Тој има македонско државјанство од 2022 година кога беше натурализиран заедно со Ти Џеј Шортс, но сега доби можност првпат да заигра за националниот тим. Во недостиг на високи играчи, кошаркарот на Гран Канарија ќе биде еден од адутите на селекторот Александар Јончевски да се оствари победа барем во дуелот со Естонија.
Во репрезентацијата недостасува само уште Војдан Стојановски кој и натаму е неизвесен за натпреварот што се игра в петок од 19 часот во кале.


