Американскиот интернационалец со македонски пасош Омари Мур би можел наскоро да го смени клубот и од Валенсија да се пресели во Олимпијакос.
Грчки инсајдери информираат дека двата клуба веќе стапиле во контакт и преговараат за трансферот на искусниот бек. Ситуацијата е мошне чудна ако се знае дека Мур е најдобар играч на Валенсија сезонава во Евролигата и затоа е несфатливо зошто клубот би се откажал од него во оваа фаза од сезоната.
На вчерашниот натпревар против Црвена Звезда, Мур играше 21 минута и беше најдобар асистент во својот тим со седум додавања.


