Покрај Басконија и Валенсија, во новата сезона македонски натурализиран кошаркар ќе има и во Барселона, односно во уште еден тим од шпанското првенство.
Мозес Рајт, кој минатата недела доби македонски државјанство, ќе го облече дресот на каталонскиот клуб и тој самиот тоа го потврди во интервју за време на 3х3 турнир во Атина.
🗣️ Ο Μόουζες Ράιτ αποκάλυψε στο SPORT24 τον επόμενο σταθμό της καριέρας του, ενώ μεταξύ άλλων μίλησε και για τον Ολυμπιακό. pic.twitter.com/cjGjgvje1P
— SPORT24 (@sport24) June 28, 2026
„Постојано се шират шпекулации, но да, идната сезона ќе бидам во Шпанија. Барселона е голем клуб, голема организација и прават екипа со квалитетни играчи, па среќен сум што ќе бидам таму“, изјави Рајт.
По ова, се очекува само официјалната промоција на Американецот со македонски пасош кој последната сезона ја помина во Жалгирис. Се очекува тој да биде во македонскиот национален тим во втората фаза од претквалификациите за Европското првенство, можеби веќе во август кога стартува тој сегмент и кога нашата репрезентација ја очекуваат многу потешки ривали отколку сега.


