Рано изутрина, Лука Дончиќ треба да дебитира во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, а големиот спектакл, Словенецот се погрижи да ги освои срцата на сите жителите на овој град во Калифорнија.
Лос Анџелес минатиот месец беше зафатен од големи пожари кои нанесоа огромна штета и потребни се големи средства таа да се санира. Откако стигна таму, Дончиќ се увери дека ситуацијата е мошне лоша, па одлучи да помогне и донираше 500 илјади долари преку својата хуманитарна организација, за обновување на спортските тереени, игралишта и парковк.
A message from @luka7doncic to Los Angeles. 💜💛 pic.twitter.com/fhoa30nIjY
— Luka Dončić Foundation (@LD77Foundation) February 10, 2025
„Откако слетав во Лос Анџелес, се појасно ми е каква штета нанесоа пожарите и тоа ме прави тажен.. Не можам да верувам што гледам, сочувствувам со сите деца кои ги загубија домовите, школите и местата на кои навикнале да си играат со другарите. До сите кои се погодени од пожарите: Тука сме да помогнеме, како сега, така и во иднина“, стои во соопштението на организацијата на Дончиќ, со потпис „Вашиот нов сосед“.
Граѓаните на Лос Анџелес ќе имаат можност да го поздрават и да му заблагодарат изутрина во 4:30 по средноевропско време кога се игра мечот против Јута Џез.


