Како што можеше да се претпостави одамна, македонскиот репрезентативец денеска официјално е прогласен за МВП на сезоната во Еврокупот.
Американецот со македонски пасош го водеше Париз до најдобриот биланс по основниот дел од сезоната, а сега и до финалето од тоа натпреварување во кое ќе се сретне со уште еден француски клуб – Бурж. Просечно постигнуваше по 17,3 поени, 7,6 асистенции и 3,1 скок.
Ова е второ големо интернационално признание за Шортс последните две сезони. Лани беше прогласен за МВП и на основниот дел и на плејофот од Лигата на шампионите, натпреварување во кое триумфираше како играч на Телеком Бон. Ако Париз го освои Еврокупот, идната сезона, првпат во својата историја ќе учествува во Евролигата.


