Македонската селекција за кошаркари до 18 години летово ќе настапи на Европското првенство Б-дивизија во Скопје, а подготовките за овој настап ќе ги почне на 13 јуни.
Селектор на репрезентацијата е Горан Андреевски кој денеска го објави поширокиот список на играчи кои ќе се борат за место во тимот. На списокот има 32 кошаркари од кои селекторот ќе ги избере финалните 12 што ќе настапат на првенството.
Во рамките на подготовките за првенството што ќе се одржи од 26 јули до 4 август, планирано е македонската јуниорска репрезентација да одигра пет пријателски натпревари, против Црна Гора, Романија и Швајцарија.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Митев Матеј – Водно Санс
Стефан Сапроновски – Борец
Лука Марјановиќ – Вардар
Сергеј Младеновски – Вардар
Ристе Букрлишев – Кожув
Огнен Анастасовски – Гостивар
Горазд Митев – Работнички
Андреј Чадамов – Еуро Никел
Никола Јаничиќ – Купер Интернационална Академија
Димитар Зетов – Феникс 2010
Дино Лазарев – МЗТ Скопје
Ѓорѓи Кузмановски – МКК Куманово
Глигор Цаневски – МКК Куманово
Марко Црнокрак – Работнички
Сергеј Петровиќ – Феникс 2010
Коста Кириловски – Водно Санс
Бојан Величковски – МЗТ Скопје
Габриел Петровски – ТФТ
Дарјан Димовски – Водно Санс
Амар Грбовиќ – Феникс 2010
Давид Петрушевски – Новипиу Кампус Пиемонте, Италија
Атанасиј Трајанов – Водно Санс
Илин Најков – Вардар
Јордан Кузманов – Кожув
Дамјан Ивановски – Феникс 2010
Стефан Стојковиќ – Феникс 2010
Бојан Димитриев – Водно Санс
Марко Лукановски – Вардар
Арт Шабани – Црн Дрим
Христијан Ванчов – Феникс 2010
Филип Николов – МЛП Академија Германија
Андреј Стојановски – Феникс 2010


