Новата сезона во Евролигата ќе почне на 3 октомври, а денеска е објавен распоредот на натпреварите.
Актуелниот шампион Панатинаикос ќе ја почне одбраната на титулата на гости кај Алба и со тој меч официјално ќе стартува натпреварувачката кампања бидејќи е планирано да се игра од 18:45 часот. Дерби на првото коло е дуелот меѓу Фенербахче и Олимпијакос во Истанбул.
Во новата сезона ќе има двајца македонски репрезентативци во Евролигата, двајцата дебитанти. Својот прв натпревар во елитното натпреварување, Ненад Димитријевиќ, кој од неодамна е член на Олимпија Милано, ќе го игра во Монако против истоимениот тим, а Ти Џеј Шортс со Париз стартува на домашен терен против Црвена Звезда. Дуелот на Димитријевиќ и Шортс е веќе во второто коло, на теренот на Олимпија Милано.


